Јапонскиот министер за правда Јасуро Ханаши поднесе оставка поради несоодветен коментар за смртната казна, јавува Ројтерс.
Министерот за правда беше жестоко критикуван за коментарите објавени во медиумите во кои тој ги минимизира своите должности, особено потпишувањето на егзекуциите, што тој ги опиша како „досадни“.
Ханаши, претходно изјавил дека неговата позиција во владата е со мала политичка тежина бидејќи тој се појавува во новински наслови само зкога „одобрување на егзекуција наутро“.
Јапонија ја спроведува смртната казна со бесење и не ги информира затворениците до утрото за нивното погубување, политика што групите за човекови права ја критикуваат со децении.
Вчера Ханаши се извини за неговите коментари во парламентот и дека ги повлекува зборовите.
Јасухиро Ханаши стана вториот министер што го напушти кабинетот на Фумио Кишида поради скандалот за помалку од еден месец.






