Ден на примирјето – На 11.11.1918 година во 11 часот заврши Првата светска војна

Светот денеска го слави 11 ноември, Денот на примирјето во Првата светска војна, во спомен на 11 ноември 1918 година.



Четиригодишната војна, дотогаш најголемата во историјата, завршила во 11 часот на 11 ноември 1918 година, кога силите на Антантата – Русија, Франција и Велика Британија потпишале примирје со Централните сили – Германија и Австро-Унгарија, на територија на денешна Франција, на линијата на војување, во специјален вагон на францускиот маршал Фердинанд Фош, во шума во близина на Компиењ.

Така, беше договорено примирје на Западниот фронт – прекин на огнот, повлекување на германските војници, размена на заробеници, како и договор за воени репарации и уништување на германски воени бродови и подморници.

По тој повод на Француските гробишта во Битола традицонално, вчера се одржа комеморација по повод 104 години од Денот на примирјето во Првата светска војна, (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), кое го организира Француската амбасада во Македонија.

Венец на костурницата кај Француските гробишта заедно положија Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција и вгерманскиот вршител на должност амабасадор во Македонија – Ото Граф, предводени од нивните воени аташеа.

Претходно Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција им се обрати на присутните, кој ја нагласи причината за комеморацијата е тоа е потсетување за Денот на примирјето, кое е потпишано на 11 ноември 1918 година.