Полициските униформи в година ќе станат двојазични, најави министерот Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека најдоцна до март 2023 година униформите на полицијата ќе бидат на македонски и на албански јазик.



„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика“, изјави тој во емисијата „Прав пат“ на ТВ Алсат-М.

„Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, објасни Спасовски.