Контролорите на летање кои се вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори, вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и барање за прераспределување, објави СДК.МК.
Според Синдикатот и според Здружението на контролори на летање, директорите Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски намерно не ги праќаат осумтемина на школувањето за кое течат роковите.
Директорите според СДК чекаат да поминат 90-те дена од објавување на огласот и тој да пропадне. Откако ќе го пропаднат, тројцата директори сакаат да распишат нов, и по свои, а не по правилата на Еуроконтрол, да извршат избор на кандидати за почетно школување, првенствено, нивни деца и деца на функционери на ДУИ. Синовите пак на директорите Селмани и Крстевски отпаднале уште во првата селекција.
Повеќе детали на овој ЛИНК
Поврзана вест
Меѓународен скандал за „Деца на ДУИ“ што го загрозува авиосообраќајот над Македонија






