Пратеник од власта вршел притисок врз македонски судија за носење на незаконита пресуда

Скандалозно однесување на пратеник од владеачката коалиција кој сакал да влијае македонски суд да донесе одлука надвор од законот.



Според кичевскиот адвокат Фатмир Емрулаху пратеникот е од Либерално – Демократската партија.

,,Пратеник од власта (ЛДП) вчера се обидел да изврши политички притисок кај претседателот на судот во Кичево за донесување незаконита одлука”, објави адвокатот Емрулаху без да наведе кој е пратеникот на ЛДП и за кој случај се работи.

ЛДП во моментов има двајца пратеници едната е идната лидерка Моника Зајкова а другиот е Боби Мојсовски кој е од Кичево.

ЛДП до објавување на овој текст немаше коментар за тешкото обвинување за политички притисок во правосудството.

Новиот правосуден скандал се случува само три дена откако беше избран шефот на јавното обвинителство за организиран криминал Ислам Абази кој исто така е од Кичево а од објавените фотографии се гледа дека е многу близок на ДУИ.