„Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече ‘може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост’. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми„, вели академик Владо Камбовски во врска со предлогот на МНР Бујар Османи за неодамна усвоениот Закон за формирање фондации и здруженија да бара мислење од Венецијанската комисија.

Бугарија ќе ги брани бугарските клубови во Македонија
Според него, секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок.
„Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.
Тој поотсетува дека дури и Уставниот суд може да забрани делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично…







