Бугарија ќе бара Турција да ги предаде сторителите на убиството на бугарскиот граничен полицаец Петар Бачваров, кој пред две дена беше застрелан од турска територија со ловечка пушка.
Двајцата државјани на Турција, приведени за убиството на бугарскиот граничен полицаец се браќа.
Тие немале намера да ја преминат граничната ограда меѓу Бугарија и Турција, туку чекале други „жртви”, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев, велејќи дека не може да даде повеќе детали, за да не се меша во истрагата.






