Професорот Бранимир Јовановиќ, во анализа за ТВ 21 открива кои се причините зошто имаме најголема инфлација во регионот која е речиси два и пол пати повисока од Албанија каде е 8%.
„Прво мислев не знаат што треба да прават, после мислев дека едноставно не им е гајле што се случува, си живест во нивен свет и не им е гајле што се случува со обичните луѓе.
Сега мислам дека ја пуштата инфлацијата намерно да расте затоа што е позната како скриен данок.
Данок кој ги даночи посиромашните и го полни државниот буџет.
Го слушнав министеррот за финанасии пред некој ден како се фалеше дека буџетските приходи се зголемиле за 14 % и предвидува раст за 14, 15% за следната година“, вели Јовановиќ за ТВ21.
Според него, вината за високата инфлација е исклучиво кај владата бидејќи 6-7 месеци гледа како инфлацијата расте и превзема мерки кои немаат ефект.
Мерката замрзнување на маржата на производите е апсолутно не ефективна. Прво не може да се спроведе во реалност, а второ не ја ни спроведуваат. Еве, прашајте некој министер од Владата колку контроли извршиле и колку фирми казниле?
Второ мерката за намалување на цената на струјата ќе има многу мал ефект и воопшто нема да спречи цените да продлжат да растат и во наредниот период“, вели Јовановиќ.







