Израмнета трка за Сенатот и доминација на Републиканците во долниот дом на Конгресот. Ова засега се резултатите од меѓуизборите во САД, кои не се конечни бидејки е можен и втор круг во некои сојузни држави, како Џорџија, а тоа веројатно ќе биде следниот месец.
Во Сенатот, Демократите и Републиканците имаат по 48 места, од вкупно 100, додека во Претставничкиот дом, Републиканците се во предност со 199 наспроти 178 за Демократите, но за контрола над ова тело се потребни 218 места. Медиумите и експертите коментираат дека сепак и покрај најавите не се случи републиканското цунами.





