Откако Град Скопје го раскина договорот со приватните автобуски превозници „Макекспрес“, околу 100 луѓе останаа без работа тврди Милорад Димитријевски, првиот човек на оваа групација на приватни автобуски превозници,.
Димитриевски вели дека вчера тие добиле писмено известување дека договорот кој го имале со Град Скопје односно со ЈСП „Скопје“ им е раскинат.
Денеска тие како „Макекспрес“ како што вели се во комуникација со адвокати и правници за како што вели да ги утврдат чекорите кои би ги превземале понатаму околу решавањето на новонастанатата ситуација со јавниот градски превоз во Скопје, уште повеќе што градот им должи 30 милиони денари…
Град Скопје го прекина договорот со Макекспрес
ЈСП ќе ги покријат линиите 19, 20, 22, 52 и 54 на кои досега возеа автобусите на Макекспрес.







