Гордана Димитриевска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека нема развоен, туку инфлациски буџет.
– Зборуваме за инфлации, не за развоен буџет и она што најмногу загрижува е даночната реформа. Состојбата е зстрашувачка и ова ќе падне на грбот на граѓаните. Не го решивме проблемот со енергетската криза, фирмите ќе се соочуваат со проблеми, продуктивноста ќе падне, цената на струјата ќе расте, ќе бидат поголеми трошоците. – вели Димитриеска Кочоска.





