Трошоците за енергија за домаќинствата низ Европа речиси двојно се зголемија во споредба со пред една година, откриваат новите податоци. Сметките за гас се зголемени за 111 отсто, а за струја за 69 отсто, покажуваат најновите податоци од Индексот на цените на енергијата во домаќинствата, пишува Јуроњуз. Во просек, овие две бројки значат зголемување на сметките за енергија од 90% – или речиси двојно – во споредба со октомври 2021 година.
Истражувањето, објавено во понеделникот од Енерџи-Контрол Австрија, Унгарската регулаторна управа за енергетика и комунални услуги (MEKH) и VaasaETT, го нагласува ударното влијание на војната во Украина врз Европа, што предизвика криза на трошоците за живот и втурна многу економии во рецесија.
и VaasaETT, го нагласува ударното влијание на војната во Украина врз Европа, што предизвика криза на трошоците за живот и втурна многу економии во рецесија.
Посочувајќи како руската инвазија влијаела на цените на енергијата, авторите рекоа дека предизвикала „неизвесност околу енергетската безбедност“ и „намалена испорака на руски гас или целосен прекин на снабдувањето“.
Русија го намали и на крајот го запре снабдувањето со гас на Европа од Северен тек во септември, откако западните земји ја санкционираа Москва поради нејзината инвазија на Украина, а САД ја обвинија Русија за „вооружување на енергијата“.
Извештајот за индексот на цените на енергијата за домаќинствата ги разгледа цените на гасот и електричната енергија од 2009 година до октомври 2022 година во 33 европски земји, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ, како и Црна Гора, Норвешка, Србија, Украина, Обедиетото Кралство и Швајцарија.
Откри дека неодамнешните скокови на цените на енергијата следеа по рекордните зголемувања во 2021 година, предизвикани од поголемата побарувачка, бидејќи луѓето и бизнисите закрепнуваа од пандемијата на Ковид.
„Значајно повисоките цени на енергијата во споредба со пред една година може да се припишат на комбинација на фактори, како што се зголемената побарувачка поврзана со постпандемиското економско закрепнување и вонредните временски услови, рекордно високите цени на природниот гас и високи дозволени емисии на CO2“, напишаа авторите.
Целата анализа тука.





