„Денеска во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија МВР.
Учениците веднаш биле евакуирани…







