„Да му дадеме простор во работата на човекот, меѓутоа сликата досега не е поволна“ – вели шефицата на Антикорупциска за новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминасл, Ислам Абази, кој беше избран од обвинителите за нов предводник на местото на Вилма Русковска.



„Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека навистина има интегритет и енергија да се избори со корупцијата и со предметите“, искоментира Билјана Ивановска одговарајќи на новинарско прашање.

Ислам Абази има скромен имот

Таа вели дека не е задоволна и од критериумите по кои се избира шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција и ќе се работи од страна на ДКСК во насока на нивно подобрување.

Најчевска: Избраа човек отворено поврзан со ДУИ

„Тоа обвинителство е пандан на поранешното СЈО и таму треба да се спроведат сите премдети кои се однесуваат на висока корупција, да нема забошотување. Навистина, треба една нова енергија која ќе биде одлучна“, рече првата антикорупционерка. Фактор