Џафери бара консензус за нов собраниски Деловник

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека на денешната средба на работната група за нов Деловник во рамки на Жан Моне процесот, главно, било разгледувано носењето закони во редовна постапка.



Според Џафери, интенцијата е да се има консензуално решение за Деловник.

Гледаме, рече тој, дека имаме попречување на работата на Собранието. Тој кажа дека поддршката од ЕП преку европратениците е да се изнајде консензуално решение.

Џафери рече дека на 2 овој месец ја закажал оваа средба и дека претходната била одложена на барање на ВМРО-ДПМНЕ.