Зеленски сака да преговара со Русија, но „вистински“ и доколку…

Во синоќешното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за разговори со Русија, но само „вистински“ разговори со кои ќе се вратат границите на Украина, ќе ѝ дадат компензација за руските напади на земјата и ќе ги казнат одговорните за воените злосторства.



САД бараат Украина да покаже подготвеност за преговори

Неговите коментари, дадени во неговото доцна вечерно видео обраќање, дојдоа само неколку дена откако „Вашингтон пост“ објави дека САД сакаат Киев да ја покаже својата подготвеност за преговори, бидејќи ако е премногу непопустлив, Киев може да ја загуби меѓународна поддршка.

Украина постојано предлагаше такви преговори, но „отсекогаш добивавме глупави одговори од Русија со нови терористички напади, гранатирање или уцени“, рече Зеленски.

Тој ги потенцираше условите: враќање на територијалниот интегритет, усогласеност со уставот на ОН, компензација за сите воени штети, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори. Тоа се сосема разбирливи услови“, рече категорично претседателот.