Турција почна со делумно плаќање на рускиот гас во рубли, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.
„Како што знаете, постигнат е договор, делумната исплата е веќе започната. Имаме намера да ја зајакнеме нашата работа во оваа насока“, истакна Деонмез.
Според него, Москва и Анкара во наредните месеци планираат да го зголемат уделот на плаќањата во национални валути во областа на трговијата со енергија.
„Нашата трговија со Русија продолжува на многу фронтови. Енергијата е несомнено еден од најголемите трошоци, но е поврзана и со туризмот, со прехранбените производи. Речиси 5-6 години и двајцата лидери ја изразуваат својата намера да го продолжат патот кон трговија со национални валути“, истакна тој.







