Левиот бек на Вардар даде седум гола во мечот со кои беше совладан Рајн Некар Левен со 30-26, по што европскиот првак остана лидер во првата група и единствен непоразен тим во елитниот дел од Лигата на шампионите. Друштво на Борозан во идеалните седум на 8 круг му прават Уве Генсхајмер (ПСЖ), Мате Лекаи (Веспрем), Золт Балог (ПИК Сегед), Ласе Сван (Фленсбург), Патрик Винчек (Кил) и Сирил Думулан (Нант).




