Фактор: Идниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, со скромен имот

Сегашниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар, а иден шеф на Обвинителството за организиран криминал и наследник на Вилма Русковска, Ислам Абази, има Куќа во родното Зајас и стан во Кичево, автомобил и кредит, дознава „Фактор„



Во анкетниот лист што тој како јавен обвинител го пополнил во Антикорупциската комисија наведенкуќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, има 210 м„ и вреди 49.000 евра./

Абази од 1985-та има стан во Кичево, исто така на име на неговите родители, кои, според анкетниот лист, вреди околу 30 илјади евра.

Од личен имот Абази располага со фолсфаген голф на сума од 300 илјади денари или околу 5.000 евра, од 1999 година и е стекнат со договор за купопродажба.

И конечно, Абази има кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Ислам Абази, на вчерашните избори за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција освои 66 гласа од другите обвинители. Второпласиран беше заменик-шефот на ОЈО Скопје, Ермон Незири, со 64 гласа, а досегашната шерфица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска доби само 14 гласа.

Инаку, Абази беше единствен од четворицата кандидати кој не сакаше да комуницира со медиумите, кои во изминатиот период се обидеуваа да воспостават контакт со него. Не одговарал на телефон, не давал изјави, ниту пак се појавувал на дебати.

Од него дури нема слика ниту биографија на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар, коешто го водеше до вчера.