Пож две одложувања, во Основен суд – Тетово денеска во 10 часот би требало конечно да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница.



Огнената стихија, на 8 септември 2021 година за неколку минути однесе во смрт 14 луѓе ги , а имаше и десетина повредени лица.

По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

На 14 октомври беше одложено за денеска, 8 ноември поради тоа што двајца од обвинетите немаа адвокати.

Обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице.

Тетовското Обвинителсво ги обвини двајцата директори Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.