Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов вели дека нема ништо против тоа Бугарите да се внесат во Уставот, но тоа според него треба да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да го признае македонското малцинство, тие таму да можат да отвораат здруженија и да формираат партии.
Во пресрет на лидерската средба денеска тој најави дека ќе ја отвори и оваа тема.
На денешниот состанок се очекува да се најде и неговото барање Макеоднија да биде една изборна единица.
Можно е Трајанов да го постави прашањето и за предвремени парламентарни избори или пак за формирање на широка владина коалиција која треба да се справи со сите предизици во земјава почнувајќи од енергетска криза па се до измените на Уставот.






