„Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е формалност, за да се спаси ДУИ од обврската да седне на иста маса на претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализацијата, или не, на преземените обврски со договорот, во кој услов е внесувањето на албанскиот јазик во Уставот на државата“, го објасни Билал Касами одбивањето да присуствува на лидерската средба.
Лидерот на Беса рече дека сериозно се залага за забрзување на евроинтегративниот процес на Македонија и рече дека за земјава нема друга алтернатива освен членство во ЕУ.
„Но, една од главните европски вредности е познавањето на јазикот на еден народ, што не е случај ниту во Северна Македонија каде албанскиот јазик сѐ уште се дефинира со погрдниот термин ’20 проценти’“, рече Касами.
Тој ги обвини албански политички актери дека сакаат да ги избегнат одговорноста и обврските кои произлегуваат од заедничката декларација За прашањата и од национална природа, кои се, како што рече нагласи, и меѓународно загарантирани.






