Британскиот „Мејл он сандеј“ дознава од извор од француската влада рекол дека рускиот претседател Владимир Путин во разговор со францускиот колега Емануел Макрон ја споменал Хирошима, што кај францускиот претседател предизвикало „значителна вознемиреност“.



Путин на Макрон му рекол дека Нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки покажуваат дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да ја завршите војната“.

„Звучеше како многу јасно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје во источна Украина и да го остави Киев недопрен. Изгледа дека тоа е поентата на неговите сознанија“, изјавил францускиот извор.

Тој кажал дека двајцата претседатели несомнено разговарале за ризикот од употреба на нуклеарно оружје. Според него, Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската нуклеарна доктрина.