Претседателот на Движењето Беса Билал Касами ќе ја одбие понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска напладне, дознава „Слободен печат“.
Од партијата за „Слободен печат“ брифирале дека Касами во 11 часот на прес конференција ќе соопшти зошто ја одбива понудата на Ковачевски.
Претходно Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска за усогласување на позицијата да се тргне од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик.
Но, ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврдија поканата на Касами за присуство на средбата.






