Новата амбасадорка на САД, Ангела Агелар, стапи на должност

Новоименуваната американска амбасадорка Ангела Агелер денеска ги предаде акредитивните писма на министерот за надворешни работи Бујар Османи, со што таа може да започне со својата дипломатска мисија во Скопје.



„Очекувам со искуството на амбасадорот да придонесеме за натамошно зајакнување на билатералните односи и продлабочување на соработката. Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави веќе почна да дава резултати, унапредувајќи го повеќегодишното стратешко партнерство и сојуз во рамките на НАТО Алијансата

Со нетрпение очекуваме да продолжи американската поддршка за демократскиот развој на земјата и процесот на европска интеграција, како важна инвестиција за севкупната регионална стабилност и напредок“, објави Османи на Фејсбук.

Агелер предизвика големо внимание кај македонската јавност, откако во САД најави дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери.

Нејзината заклетва како нова амбасадорка на САД во земјава ја положи во септември.