Вилма Русковска, Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска се кандидати за шеф на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за кој денеска ќе гласаат сите 163 обвинители од Македонија.
Водечки експерт за правосудство: Сите ќе треба да се селиме ако …
Мандатот на Рускоска (која беше суспендирана ) трае до 14 ноември, а обвинителот Трајче Пеливанов е назначен за привремен шеф од 29 август.
За првпат, согласно новиот Закон за јавното обвинителство, изборот за основен јавен обвинител на тоа обвинителство се врши со гласање на сите јавни обвинители во државата.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески, во отвореното писмо до колегите, во петокот напиша дека ваквиот начин на избор дава можност директно да се влијае на подобрување на состојбите во Јавното обвинителство.
„Сакам да ве повикам сите слободно и растоварено од какви било влијанија и притисоци да го дадете својот глас за оној кандидат кој има најдобра програма и визија за идното функционирање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Уверен сум дека секој од вас поединечно ќе знае да го направи вистинскиот избор, а сите заедно како јавни обвинители ќе покажеме дека имаме јасна цел за независна и силна јавнообвинителска организација“, напиша Јовески.







