Апасиев: Ние сме тврд орев!

Лидерот на Политичката партија Левица, Димитар Апасиев, изјави дека нема да присуствува на лидерската средба во понеделник свикана од претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.



„Со нас не можат да се договараат како со вмровците. Ние сме тврд орев“, изјави Апасиев..

Премиерот средбата ја најави за во понеделник на која пред сѐ би се разговарало за можноста од уставни измени со цел интензивирање на активни преговори со Европската Унија.

Присуството на лидерската средба го потврди првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека како одговорна парија „имаат ставови и дека се подготвени да ги бранат насекаде во светот“.

Во однос на уставните измени, Мицкоски потенцираше дека тоа прашање е затворена тема и го повтори веќе изнесениот став дека уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија.