Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „125 години бугарско дипломатско претставништво во Битола“ и на презентацијата на книгата „Галициското досие и прекшената судбина на Панде Ефтимов“ во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.
На изложбата присуствуваа и претседателот Георги Прванов (2002-2012) година, бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов, претставници на дипломатска мисија, бугарските здруженија…
„Битола е многу посебно место…
Битола е центар на бугарската ренесанса, каде што поминале најголемите бугарски светилишта: дали поради бугарската школа овде, дали да ја напишат својата книга; ова е местото каде што започна новата бугарска држава. Тука се случува самоопределувањето и суверенитетот на новата држава“ – рече Јотова, како што пренесуваат бгарски медиуми.
Запрашана да го коментира Законот за здруженија и фондации, кој Собранието на Северна Македонија го донесе пред неколку дена, со кој се поставуваат ограничувања за имињата на историските личности што може да ги користат, Јотова одговори дека македонскиот парламентот е на суверена држава и има право да донесува какви било закони а одговорноста е на оние што ги донеле.
„Она што нè интересира, а во иднина ќе се провери навреме е како ќе функционира овој закон, како ќе се развива во иднина“, рече Јотрова.
Заедно започнавме еден многу тежок процес – пристапување на Македонија во ЕУ , каде што отсекогаш сум велела дека припаѓа. И мислам дека решението за многу наши проблеми, ако се уште ги има, ќе дојде само кога еден ден сите ќе бидеме дел од големото европско семејство.
…Од тука исклучувам да тргнеме по патот на провокациите. Имаме заеднички интереси и заеднички цели“, посочи Јотова.






