На поранешен професионален фудбалер, телевизиски водител и познат теоретичар за заговори, Дејвид Ајк, кој тврди дека со светот владеат рептили, холандската Влада му забрани влез во Шенген-зоната на две години, поради стравувања дека неговото присуство може да го „наруши јавниот ред и мир”.
Беше предвидено тој да зборува на протест во Амстердам против војната во Украина, против холандската Влада и зголемувањето на цените на енергенсите.
Полицијата во Амстердам стравува дека ќе дојде до немири, дури и доколку Ајк се обрати и преку видео-врска.
Ова е вторпат властите во Хаг да воведуваат таква мерка, по забраната изречена во 2019 година за Стивен Андерсон, американскиот проповедник кој отворено се изјасни за ликвидација на хомосексуалците.







