За една година, се најавува ново, трето зголемување на износот за струја, откако веќе е најавена корекција кај ДДВ-то од 5, на 10 отсто. Извесно е дека ќе има зголемување и на цената по потрошен киловат час. Но за тоа ќе се знае откако ќе бидат доставени извештаите за трошоците на компаниите кои учествуваат во формирањето на цената на струјата. Регулаторот дециден – против поскапување.
Од почетокот на енергетската криза, за една година струјата поскапе 23 проценти. Првата корекција беше на 1 јануари годинава, кога добивме за 9,4 отсто повисоки сметки. Шест месеци подоцна, струјата скокна за нови 7,4 проценти, но се воведоа и четири блока, секој со различна цена по киловат час. За најавеното зголемување на ДДВ, Бислимовски вели дека за тоа е надлежна Владата, а не Регулаторна.
Владата донесе неколку антикризни мерки за да го ублажи ударот од енергетската криза. Се субвенционира струјата за домаќинствата, се обезбедува поевтина електрична енергија за училиштата, водоводните претпријатија и компаниите од прехраната. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта води погрешна енергетска политика.
Тонско: Христијан Мицкоски – лидер на ВМРО ДПМНЕ
Со застарените и недоволни капацитети за производство, Македонија е најзависната од увоз на струја, земја во регионот.
Повеќе од 23%
2021 – 6,69 ден/3,36 ден
2022 – 7,32 ден./3,67 ден. (9,4%)
2022 – 7,4%
2023 – 4,3%
Извор: ТВ24.мк







