По вчерашната порака на новинарот Горан Момироски за кого апсењето на Никола Николовски за наводните закани за бомби во училишта е идиотизам а извршителите идиоти, уште една јавна личност со слични квалификации за луѓето кои апсат по основа на основано сомнение без никакви докази.
Скопски адвокат освен што за идиоти ги прогласува тие што наредиле да се апси Николовски тврди дека е сторено и кривично дело.
,,Добро,читам и нон стоп се смеам, а за плачење е !
Абе, кој нормален ако дава закана со бомба става име и телефонски број или е-маил адреса?
А “генијалци”?
И, сега, ај нешто многу работиме и ќе го собереме детево и “ќе утврдуваме факти”,и,после ќе го пустиме!
Не, не е тоа предистрага, идиотизам е!
Аматеризам на најјако!
Абе,вратете се на казнувањето на возачи за брза вожња и алкохол.
Само за тоа ве бива.
И фалете се со бројки.
Нешто предистрага трт-мрт!
Што се бламирате бе “капиталци”?
Па ботовиве, одма со слики, со све ја објавуваат фотографијава на детето.
Абдали едни, кривично дело е тоа!
Ама што знаат идиоти за нешто друго освен за наредба од штаб?
Која вукојебина,па,па ,па!”, пишува адвокатот Сашко Дуковски.
Вчера со сличен став и новинарот на Заспиј ако можеш
Момироски има основано сомнение дека непрокопсани идиоти го водат МВР и други институции





