АНБ обвинета дека испратила специјално возило за следење на Мицкоски во Прилеп

Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.



Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата?

Оваа информација и прашање ги поставува пратеникот Драган Ковачки кој најавува дека
премиерот Ковачевски и министерот Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговараат.

Денеска во Прилеп беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

,,Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине.

Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси.

Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп.

Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време”, пишува Ковачки за инцидентот во Прилеп.