Со предложениот енормно зголемен буџет за наредната година, Владата ќе продолжи со несмален интензитет безмилосно да ги троши парите на народот, исто како што своевремено со право ја обвинуваше Владата на Груевски, пишува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на Фејсбук.
Популистички и демагошки се фразите на министерот дека целта на буџетот е “да се поддржат економскиот раст, реформите и евроинтеграциските процеси”, вели Хајредини
Не е точна ни констатацијата дека “нашата Влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза”.
За Македонија најнеопходно е со буџетот со конкретни мерки, не само декларативно, да се подддржи намалувањето на јавната администрација и многу други буџетски расходи, како и борбата против корупцијата на високо ниво.
Во текот на дебатата за буџетот Владата е должна да одговори зошто кога, поради енергетската и ценовната криза кај сите соседни земји и пошироко состојбата е тешка, во Македонија да е најтешка, вели екс-министерот Хајредини.







