Германска телевизија објавила нацистички симболи на шлемовите на украинските војници кои се борат со Русија.
Во извештај на телевизијата ZDF за кревкиот прекин на огнот во источна Украина, биле прикажани слики на војници кои носат борбени шлемови со ознаки на СС и свастики.
Како што пренесува американската телевизија CNBCnews германската јавност била соочена со слики од мрачното минато на нивната земја во понеделникот вечерта, кога германскиот јавен радиодифузен сервис ZDF прикажал видео од украински војници со нацистички симболи на нивните шлемови во својата вечерна емисија.
Во извештајот за кревкиот прекин на огнот во источна Украина, дописникот од Москва, Бернхард Лихте, користел слики на војник кој носи борбен шлем со „СС руни“ на злогласниот елитен корпус на Хитлер со црна униформа.
Вториот војник има свастика на опремата. „Волонтерски баталјони од речиси секој политички спектар ја зајакнуваат владината страна“, вели дописникот на ЗДФ во неговиот извештај.
Видеото е снимено минатата недела во Украина од страна на камери на норвешката телевизија ТВ2.
„Снимавме репортажа за украинскиот баталјон АЗОВ во источниот град Урзуф, кога наидовме на овие војници“, изјави Ојстен Боген, дописник на приватната телевизија за NBC News. Неколку минути пред да се снимаат сликите, Боген прашал портпарол дали баталјонот има фашистички тенденции. „Одговорот бил: апсолутно не, ние сме само украински националисти“, рече Боген, пренесува американскиот медиум.
Украински војници со нацистички симболи на нивните шлемови, вклучително и свастики се неретка појава на социјалните мрежи но ова е прва сериозна медиумска објава на проблемот со која се занимаваат водечки западни медиуми.






