Министерството за надворешни работи со вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе реагира по изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“(Вазраждение) Костадин Костадинов, меѓу кои и онаа дека „Македонија е бугарска’.
МНР и претходно реагирало на изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ и очекува надлежните институции и политички претставници во Република Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии.
Бугарската „Ваздражение“ ќе го едуцира Европскиот парламент за „вистината“ на македонскиот јазик
„Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво.
За денешниот инцидент формална вербална нота ќе биде упатена до Министерството за надворешни работи на Бугарија“, се вели во соопштението од МНР.







