Ексамбасадорот Оливер Шамбевски реагира на ,,местенката” во која вчера за наводно лажно пријавување на подментнати бомби беше приведен Никола Николовски од порталот конзерватив.мк.
Шамбевски на Николовски кој ноќеска беше ослободен откако МВР не нашла никаква негова поврзаност со пријавите за бомби му испраќа неколку пораки во кои меѓу другото зборува за ,,групација во град Скопје” и за проруско влијание во МВР на Оливер Спасовски и најавува скоро расчистување на скандалот.
,, Сега вака…
1️⃣ Никола многу се радувам што ова е премреже кое го помина, нека те направи само поцврст во она што го работиш.
2️⃣ Да размислиш, те охрабрувам, да бараш надомест од полицијата за вознемирување, нарушување на углед итн.
3️⃣ Никола да го искористиш влијанието кое го имаш во јавноста за да инсистираш да се истражи точно што ти се случи, кој го нарача ова, па сето да го обзнаниш.
4️⃣ сега веќе многу појасна е сликата кој го прави ова со дојавиве, но МВР МОРА да го истражи секој аспект, особено групацијана собрана во Град Скопје. Ако не ова МВР, тогаш набргу она МВР кое ќе биде ослободено од стегите на криминалот и разноразни проруски интереси…
Бидете така”, пишува Шамбевски кој постот го завршува на начин кој може да значи дека наскоро јавноста ќе добие дополнителни информации за скандалот во кој МВР уапси невин човек.
Предходно Николовски беше ослободен откако МВР не најде никакви докази дека тој упатува вал закани за поставени бомби во скопски училишта.
Oслободен наводниот дојавувач на бомбите во скопските училишта






