Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прифати поканата од премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за лидерска средба на претседателите на политичките партии в понеделник.



Ковачевски упати покана за лидерска средба на која ќе се расправа за европската иднина на Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

Шефот на ВМРО најави дека ќе оди на средба без да побара предвремени парламентарни избори, односно без да поставува услови.

Партии; „ДА“ за лидерска но да се разговара за предвремени избори

Меѓутоа тој предлага на средбата да се разговара за енергетската криза и за проблемите на граѓаните, а не за уставните измени.

„Пострашно е што беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците и лидерите на албанските партии а тоа е формирање на дводомен парламент што би значело де факто и де јуре федерализација“, изјави при тоа Мицкоски.