Рано утрово полицијата го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје.
Се испостави дека испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите.
Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.
Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување:
„Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент“, реагираа од член идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк чиј член е Николовски.






