Индустријата нема да добие цена за струја пониска од берзанската

Дел од фирмите остануваат да плаќаат берзанска цена за мегават час струја. Електричната енергија која „ТЕ- ТО“ ќе ја произведе ќе ја пласира на отворен пазар од каде што домашната индустрија ќе може да ја купи.



Денеска цената на мегават час, според берзата „ХУПЕКС“ е 130 евра но веќе утре таа ќе изнесува 204 евра а во пиковите дури двојно 258 евра за мегават час.

Како ќе се движи во наредниот период засега е тешко да се предвиди. Според премеирот Ковачевски електричната енергија на слободниот пазар е поефтина од минатите неколку месеци и е со достапна цена.

Барањата на бизнис секторот и Коморите струјата од „ТЕ – ТО“ да биде намента за нив и со цена пониска од берзанската засега извисија.

Цел текст прочитајте го тука.