Во дел од хотелите на Сончев брег денот започна без појадок за украинските бегалци. Причината е што програмата за нивно сместување одморалиштето заврши и до 15 ноември тие мора да бидат преместени во државните бази.
Но, за овој грејс период не е јасно кој ќе им плати на хотелиерите.
„Денеска е прв ден, нема програма. Јас сум главен готвач овде, за да ги нахранам овие луѓе морам да набавам производи, немаме на јасно на која основа да ги нахраниме“, изјави за БГНЕС готвачот Јордан Тодоров.
Хотелиерите се заканија дека од денеска ќе почнат да ги иселуваат Украинците од хотелите, иако се уште не е јасно во кои државни бази треба да бидат сместени и дали на базите не им треба поправка.
„Не знам дали ќе можеме лесно да им кажеме да излезат, но едноставно немаме можност, бидејќи само замислете што значи да се готви за 200 луѓе денес три пати, а да се плати струја, вода. а трошоците од сопствен џеб“, рече сопственичката на еден хотел…






