Партијата на Турците во Бугарија (ДПС) сака во влада

Ќе разговараме со сите што ќе не поканат да разговараме, велат од Движение за права и свободи (ДПС), центристичката политичка партија во Бугарија која често се опишува како партија на етничките Турци.



ДПС сакаат да се уверат во политиките на партијата што ќе им понуди коалиција за да даде поддршка, изјави шефот на пареламентарната група на оваа партија, Хамид Хамид.

Консултациите за формирање на кабинет меѓу претседателот Румен Радев и пратеничките групи почнаа на 26 октомври, најпрво со ГЕРБ на Бојко Борисов, а вчера со „Продолжуваме со промената“, која ја отфрли опцијата за поддршка на мандат на ГЕРБ.