Калин Ивановски буквално се прошета до вториот трофеј во својата професионална тениска кариера, освојувајќи го ИТФ-фјучерсот во грчки Хераклион, на тврда подлога и со награден фонд од 15.000 долари, и тоа без загубен сет.
Како трет носител и неделава 746. на АТП-листата во поединечна конкуренција, 18-годишниот Ивановски во финалето го „збриша“ првиот фаворит Себастијан Гима (518.) од Романија, препуштајќи му само по еден гем во двата сета.
На патот до својот втор освоен АТП-турнир првиот македонски рекет ги „нанижа“ и Јиржи Јеничек (1983.) од Чешка со 6-4, 6-3, Марлон Ванкан (961.) од Германија со 6-3, 6-1, Јакуб Никод (1714.) од Чешка со 6-4, 6-4 и Андреа Гвериери (881.) од Италија со 7-6 (5), 6-3.
Во август Ивановски триумфира на фјучерсот во Монастир, Тунис, исто така на тврда подлога и со награден фонд од 15.000 долари.






