Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше споменат на банерот кој беше поставен на мост во Бугарија а кој на социјалните мрежи го сподели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој од ЕП беше казнет за неонацистичка иконографија.
Иако споменувањето на Мицкоски кој во Благоевград беше дочекан со транспарент ,,Македонија е бугарска” може да се разбере како закана од бугарскиот неонацист сепак сопартиецот на Каракачанов не успеа да го одврати Мицкоски од посета на културниот дом на Македонците во Благоевград ниту да предизвика инцидент со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Најавата на Џамбаски дека тој планира ,,специјален” пречек на Мицкоски за среќа не се исполни. Како точно планирал неонацистот да го пречека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат од неговата партија ниту тој самиот.
Ине што е извесно е дека пречекот не требало да абиде мирен, братски и со љубов туку со други мрачни компоненти.
Џамбаски тврди дека Македонците и Бугарите се ист народ иако денеска во Благоевград најдобро се покажа дека тој греши.

Најчитани вести
Дури и Господ не може да стигне да помогне ако се работи за корупција и криминал
Адвокат со апел до владата за гасот: Господ ги чува будалите ама летово нема да трае уште долго





