Директорката ТУе „Ѓорги Наумов“ од Битола Жанета Сервини ја демантира информацијата дека ученици од тоа училишште биле во Бугарија, како гости на фондација „Бугарска меморија“ на Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“.
Ученици од Битола претставени како истомисленици на Ванчо Михајлов
Од Фодацијата, инаку, на социјалните мрежи наводните средношколци ги претставиле како истомисленици на Ванчо Михајлов.
„Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус+ соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта.
Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.
Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење“, стои во демантот на директорката Сервини.







