И денеска не’ оочекува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата преку ден ќе се движи од 19 до 26°C.



Слично време се очекува и за утре.

Во Скопје сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во текот на изминатата ноќ минималните температури беа над нулата со исклучок на Берово каде беа измерени минус 2 °C, а во Битола 0.

Два степени беа измерени во Тетово, Струмица, Демир Капија и Лазарополе, 3 во Скопје-Петровец, Маврови Анови, 4 Штип, Прилеп, Крива Паланка, 5 Дебар, 6 Куманово, Гевгелија, Охрид, Претор, 7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево и 9 во Дојран.