Русија соопшти дека украинските сили, користејќи беспилотни летала, нападнале бродови на Црноморската флота во Севастопол, најголемиот град на Крим, денеска во раните утрински часови.
„Ако се земе предвид терористичкиот напад на режимот во Киев со учество на британски експерти на бродовите на Црноморската флота и на цивилните бродови што ја обезбедуваа безбедноста на ‘коридорот за жито’, руската страна го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа“, соопшти Министерството.
Министерството претходно соопшти дека нападите со беспилотни летала биле одбиени, при што е направена помала штета на рускиот миноловец.
Според договорот од 22 јули 2022 година, Украина би можела да го продолжи извозот на жито и вештачко ѓубриво од Црно Море, кој беше прекинат кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Договорот за украинскиот извоз првично беше склопен на 120 дена.





