Адвокатот и член на колективното претседателство на партијата ТВОЈА Александар Тортевски апелира јавно владата да ги искористи цените на гасот на светските берзи и веднаш да набави набавка на енергенси директно додека нивната цена е многу ниска.
,,АЛООО ВЛАДА!
ЦЕНАТА НА ГАС НА БЕРЗИТЕ ВЧЕРА БЕШЕ 0.
Соберете се денеска и баталете тендери, фирми….
КУПЕТЕ САМИ ГАС, НАПОЛНЕТЕ ГИ СКЛАДИШТАТА И СПАСИТЕ ГИ И ГОЛЕМИТЕ ФИРМИ. Во кризна состојба сте.
Господ ги чува будалите ама летово нема да трае уште долго”, пишува деновиве Тортевски кој оди по логиката дека скапиот гас кој владата го купува на тендери, може да го купи евтино сама без посредници и да го чува за користење кога ќе го нема а цените ќе пораснат .
Во моментов поради пролонгирани високи температури во Европа има повеќе гас од побарувачката на пазарот поради што цената драматично се намали но никој не знае колку ќе трае овој тренд и што ќе се случува кога температурата ќе падне под нулата.






