За МВР е приоритет расчистување на случајот за физичкиот напад врз сопственикот на порталот „Буре Весник” Зоран Божиновски кој деновиве се случи пред домот на неговата сопруга во Битола, изјави синоќа министерот Оливер Спасовски во емсијата „Вин-вин”.
Министерот силно го осуди овој напад, потенцирајќи дека не постои оправдување за таков акт, односно за насилство врз било кој човек во државата.
„Во моментот интензивно се работи на случајот. Подигнати се камери од 31 место во делот на трасата каде што се движеле луѓето. Првичните сознанија се прибираат.
Сега се употребуваат и други истражни мерки коишто се побарани од страна на Обвинителството да бидат спроведени, така што сметам дека брзо ќе дојдеме до одговорот на ова прашање”, истакна министерот.







