Местото на Косово е во ЕУ, порача Фон дер Лајен

Европската унија и дека ЕУ е нецелосна без Косово, порача денеска шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес конференција во Приштина.



Фон дер Лајен по вчерашната посета на Скпје, денеска е во посета на Тирана и Приштина.

Местото на Косово е во ЕУ, изјави Фон дер Лајен по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, и вети поддршка на патот кон евроинтеграциите покрај оценката дека Приштина направила голем напредок и е посветена на европскиот пат. Т

аа потврди дека се исполнети сите услови за либерализација на визниот режим, а порача дека во тоа мора да се увери и Европскиот совет.

„Косово заслужува визна либерализација, знам колку ви е важно. Ги исполнивте сите стандарди. Нашата проценка беше дека тоа треба да се направи во јули. Наша задача е да го убедиме целиот Европски совет. Можете да сметате на нас во Комисијата затоа што ќе направиме се за да ви помогнеме на вашиот пат“, рече фон дер Лајен.