„Ги послушавме барањата на Србите од Косово и Метохија, кои не информираа за нивните потреби и за се што се соочуваат, особено пред истекот на рокот што режимот во Приштина го постави за пререгистрација и одземање на регистарските таблички и автомобили доколку не ги сменат, станува збор за таблички на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој додаде дека на овој начин се загрозуваат „стабилноста и мирот и опстанокот на нашиот народ долу“.
Курти се заканувал. Вучиќ со свика Советот за национална безбедност
Вучиќ на лидерот на Српската листа од Косово, му рекол дека Србија ќе се грижи за својот народ. Претходно, Ракиќ изјави дека Србите ќе ги блокираат граничните премини доколку биде спроведена насилна акција од косовската полиција.
„Нема предавање. Ќе повторам. Нема предавање, изјавил српскиот претседател“ и му ја пружил својата поддршка на лидерот на Српската листа на Косово, Горан Ракиќ, пренесе Б92.
„Им кажав на Србите, едно е сигурно, Србија нема да ве остави на цедило, рече Вучиќ и додаде дека им порачал да не наседнуваат на провокации, да бидат мирни, да се придржуваат до меѓународното право и дека ако некој започне прогон – дека нема да се случи“!
Не сме тука да бидеме со нив кога е лесно но и кога е тешко – додаде тој и потоа рече:
„Пред неколку дена го добивме демаршот на некои претставници, односно чинот на земјите од Квинтата и ЕУ и во него во точка 2 пишува дека треба да разбереме дека косовската акција е легитимна и во во согласност со договорот, и дека проблемот е во времето и методите.
Им кажав дека не е вистина и дека ја залажуваат јавноста и дека се работи за ноторни лаги и дека немаат право на тоа според ниту еден договор… Нема врска со реалноста и напишаното. .. Зошто се прави ова? А поентата е да покажат дека се добри… и дека Србите мора да имаат таблички РКС затоа што признаваат независно Косово.







